Експертите открија колку точно смеете да го чувате свежото и зготвеното пилешко месо без опасност од труење, а тоа е многу подолго отколку што повеќето луѓе мислат.
Повеќето од нас во одреден период сме морале да донесеме одлука дали по неколку дена, да ја јадеме храната којашто сме ја оставиле во фрижидер пак да ја фрлиме.
Што се однесува на пилешкото месо и производите од пилешко, Министерството за земјоделство на САД вели дека пилешката салата, пилешките парчиња и плескавици, како и остатоци од варено (печено, пржено) пилешко месо, коишто се изладени и правилно спакувани во фрижидерот можат да се чуваат три до четири дена пред нивна консумација.
Потполно сварените пилешки колбаси можат да се чуваат уште неколку дополнителни денови поради високото ниво на натриум којшто помага во сочувувањето на нивната свежина. Меѓутоа во Обединетото Кралство, ниту еден државен орган не препорачува чување на варено пилешко во фрижидерот подолго од два дена, дури иако нема никакви знаци на расипување на месото. Од друга страна доколку пилешкото месо било сварено, а потоа замрзнато мора да се изеде во рамки на 24 часа по замрзнувањето.
Кога станува збор за свежо пилешко месо, најдобро е да се следат советите за рокот на употреба и храната на којашто и поминал рокот да се фрли. Исто така важно е и да се внимава на знаците на расипување на месото како што појава на сива или зелена боја на месото или промена на миризбата на месото.