Првиот светски рекет, Јаник Синер го издвои играчот кој според него е најдобар, најголем тенисер на сите времиња.
Италијанецот напредува и полека заедно со Карлос Алкарас ја преземаат улогата на лидери на новата генерација кога е во прашање овој спорт, но ако се погледне исторски Синер својот глас би го дал на Рожер Федерер.
-„Ауч“. Од моја гледна точка тоа е Федерер, -истакна Синер кој даде одговор и на други интересни прашања.
Синер ја игра најдобрата година во својот живот, година во која досега освои значајни турнири, а и два грен слем пехари-Австралија Опен и Ју-Ес Опен.