Невиден скандал во Швајцарија: Политичарка со косовско потекло вежба пукање на слика од Богородица и Исус

Точка

09/09/2024

18:00

6.787

Големина на фонт

а а а

Членката на швајцарската Либерална Зелена партија, Санија Амети, по потекло од Косово, е во центарот на скандалот што самата го предизвика откако на социјалните мрежи објави дека вежба пукање со пиштол на слика на Богородица која го држи Исус Христос во раце?!

Таа прво ја објави, а потоа ја отстрани фотографијата која швајцарските медиуми објавија дека е репродукција на средновековен италијански уметник преземена од илустриран каталог.

Таа изјавила дека ја користела сликата од каталогот бидејќи „имала вистинска големина и била доволно видлива“ за да послужи како мета.

-Не обрнав внимание на содржината на сликата, се правдаше Санија, признавајќи дека не е во ред и дека нејзината постапка била апсолутно глупава.

Дел од јавноста бараше нејзина оставка, додека дел бараше да и се блокираат мрежите. Многумина ја обвинија дека поттикнува омраза кон христијаните.


Неколку конзервативни политичари ги осудија постапките на Амети и ја повикаа да поднесе оставка. Некои од нив ја обвинија и за поттикнување омраза против христијаните и се заканија дека ќе преземат правни мерки.

Тие дојдоа од Косово

Според РТ, членовите на семејството на Санија Амети дошле во Швајцарија како бегалци од Косово во 1990-тите. Таа во тоа време беше тригодишно девојче.


Меѓу нив е Николас Римолди, претседател на движењето Mass vol. Тој најави дека ќе поднесе кривична пријава против Амета. Тој ја обвинува дека ја нарушува слободата на верување.

Според швајцарскиот закон, секој кој јавно ги навредува или исмејува верските убедувања на другите или „напаѓа“ верски објекти може да биде казнет.

Амети, либерална политичарка, сега е на чело на политичкото движење „Операција Либеро“. од 2020 година член на партиското раководство на партијата на Либералните зелени на Кантонот Цирих.




Спонзорирани линкови

Маркетинг