Пронајдено телото на 8-годишното девојче по кое трагаше цела Турција: Полицијата забранува да се влезе и излезе од селото, претходно приведени братот и чичкото

Точка

08/09/2024

13:05

5.533

Големина на фонт

а а а

Турските власти соопштија дека е пронајдено безживотното тело на 8-годишното девојче Нарин Гуран, кое исчезна на 21-ви август во Дијарбакир.

Оттогаш траеше потрагата по детето чие тело е пронајдено во потокот Егертутмаз на 1,5 километри од селото Тавшантепе во кое живеело.

Турската телевизија „NTV“ соопшти дека полицијата забранила влез и излез од селото.

„За жал, безживотното тело на Нарин, која исчезна во населбата Тавшантепе во областа Баглар во Дијарбакир, го пронајдоа полициските екипи“, изјави Али Јерликаја, министер за внатрешни работи на Турција.

Се наведува дека телото на малата Нарин е однесено на обдукција во Институтот за судска медицина.

Како што претходно се пишуваше, девојчето исчезнало кога се враќало кон дома со своите другарки, но се одделило од нив и само се упатило кон својот дом, каде никогаш не стигналo.


Откако ги пребарала околните куќи, полицијата ги испрашала сите сопственици на возила кои во тој момент биле во околината, па дури и го привела нејзиниот 18-годишен брат кај кого биле пронајдени траги од гризнување, а потоа го привеле и нејзиниот чичко.

Турските медиуми објавија дека тој по исчезнувањето на 8-годишното девојче од својот телефон ја избришал историјата на повици и СМС пораки.


Во текот на истрагата биле откриени траги од ДНК во неговиот автомобил кои ѝ припаѓале на малата Нарин.

Нејзиниот брат, кој имал траги од гризнување, подоцна бил ослободен, бидејќи во Истанбулскиот институт за судска медицина не можеле со сигурност да потврдат дека трагите припаѓаат на девојчето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг