Ријана се појави на отворањето на модната недела во Њујорк, а нејзиното издание го привлече вниманието на присутните. Видеото набрзо стана вирален хит на социјалните мрежи.
Пејачката се појавила во многу тесен бел фустан, а одозгора носела светкава мрежеста ткаенина која постојано ја придржувала со помош на асистент и потоа седнала во првиот ред.
Видеото набрзо почна да се шири на социјалните мрежи, а некои забележале дека пејачката не била расположена додека други се исмевале со нејзиното издание.
„Не знам како можело да ѝ падне напамет да излезе во толку тесна креација“, „Жената буквално не може да дише“, „Вака изгледам кога излегувам од бањата за да се јавам на телефон“, „Изгледа како штотуку да излегла од под туш покриена со пешкир“, гласат дел од коментарите.
Покрај тоа, се појави и видео на кое Ријана поминува покрај манекенката Наоми Кембел без да ја поздрави, а пред тоа срдечно разговарала со уредникот на британскиот „Vogue“, Едвард Енинфул.
„Наоми Кембел и Ријана дефинитивно се мразат една со друга“, напишал еден корисник на X.