Прогласен најдобриот филм на фестивалот во Венеција: Многумина го сметаат за исклучително контроверзен

Точка

08/09/2024

10:15

3.686

Големина на фонт

а а а

Одржано е доделувањето на наградите на 81-то издние на Филмскиот фестивал во Венеција, а Златниот лав за најдобар филм го доби „The Room Next Door“ на Педро Алмодовар.

Овој филм е адаптација на романот „What Are You Going Through“ од Сигрид Нуњез. Приказната зборува за писателката Ингрид (Џулијан Мур) која го обновува пријателството со Марта (Тилда Свинтон).

Марта, која се бори со рак на грлото на матката во терминална фаза сака да умре достоинствено и ја замолува Ингрид да биде во соседната соба кога ќе го земе апчето за евтаназија. Филмот неодамна беше премиерно прикажан во Сала Гранде, а публиката ја награди филмската екипа со громогласен аплауз кој траеше дури 17 минути.

Многу корисници на социјалните мрежи го сметаат филмот за исклучително контроверзен бидејќи промовира евтаназија. Алмодовар, кој многумина го сметаат за еден од најдобрите шпански режисери, изјави дека секој човек во светот треба да има опција за евтаназија.

Главното жири на 81-то издание на Филмскиот фестивал го сочинуваа Изабел Ипер, Џејмс Греј, Ендрју Хај, Агњешка Холанд, Клебер Мендонка Фиљо, Абдерахман Сисако, Џузепе Торнаторе, Јулија фон Хајнц и Џанг Зији.


Големата награда на жирито отиде во рацете на „Vermiglio“ на Маура Делперо. Сребрениот лав за најдобар режисер му припадна на Брејди Корбет за филмот „The Brutalist“. Специјалната награда на жирито ја доби Деа Кулумбегашвили за филмот „April“.

Мурило Хаузер и Хеитор Лорега се наградени за најдобро сценарио за филмот „I'm Still Here“. Никол Кидман го освои купот Волпи за најдобра актерка за „Baby Girl“, а за најдобар актер му беше доделен на Винсент Линдон за „The Quiet Son“.