Најпаметните кучиња имаат фантастична долгорочна меморија

Точка

06/09/2024

14:39

3.321

Големина на фонт

а а а

Многу кучиња, дури и оние слабо обучените, можат да следат различни едноставни команди како што се „седи“, „лежи“ и „чекај“. Но, има и такви кои можат да се сетат на имињата на стотици играчки – топки, патки, коски, мечиња, пишува агенцијата "dpa". .

Истражувањето на унгарскиот тим покажало дека тие не само што паметат различни имиња, туку и дека сеќавањето трае и до две години, што покажува дека луѓето не се единствените кои долго ги паметат зборовите.

Долгорочната меморија игра голема улога во развојот на јазикот, па затоа капацитетот на животните да паметат и категоризираат имиња е тема на голем научен интерес, објаснуваат Унгарците во списанието "Biology Letters".

Меѓу кучињата кои можат беспрекорно да запомнат често се и бордер коли, кои се сметаат за особено послушен и интелигентен вид.


Претходните истражувања покажаа дека „надарените“ кучиња можат многу брзо да ги запомнат имињата на новите предмети. Шест кучиња од Норвешка, Шпанија, Бразил, САД, Холандија и Унгарија, на пример, успеале да се сетат на имињата на 11 до 12 нови играчки во рок од една недела.

Тие тестови беа објавени на социјалните мрежи и ги воодушевија љубителите на кучиња ширум светот.

Експериментот продолжил, така што тимот предводен од Шани Дрор од Универзитетот "Еотвос Лоранд" во Будимпешта побарал од сопствениците на кучиња да ги скријат играчките за кучињата да не ги видат.

Чекавме две години, па решивме повторно да ги тестираме кучињата, за да видиме дали сè уште ги паметат имињата на играчките, изјави Дрор.

Три кучиња од расата бордер коли беа тестирани со дванаесет играчки со кои играа, едно со 11 и едно со пет. Бројката варирала бидејќи некои од сопствениците не препознале некои од предметите.


Пофалби и награди

За време на тестирањето, сопствениците ставале играчки во собата заедно со предмети со кои нивните кучиња постојано си играле. Потоа седнале во соседната соба, подалеку од очите на нивните миленици и побарале од кучето да најде одредена играчка. Ако го направиле тоа успешно, добиле пофалби и награда.

Камерите во двете простории биле поврзани со онлајн платформа каде што истражувачите го набљудувале однесувањето на кучињата во реално време.

„По две години на сите ни беше тешко да ги запомниме имињата на играчките“, изјави Дрор.

Но, не и на кучињата. Од петте, четири сè уште се сеќавале на 60 до 75 отсто од имињата на предметите што ги научиле пред две години.

Знаевме дека кучињата ги паметат настаните најмалку 24 часа, а мирисите и до една година, објасни Клаудија Фугаза, шеф на истражувачката група. Сега се покажа дека најпаметните кучиња можат да паметат зборови и до две години.