И зборовите можат да бидат моќен афродизијак во креветот. Секој има свои преференции кога станува збор за водењето љубов, но овие пет реченици без сомнение ќе ги одобрат сите жени, пишува „Дневник“.
Митот дека мажите треба да ни ги читаат мислите кога станува збор за водењето љубов е одамна заборавен. Ако сакаме нешто, тогаш треба да го кажеме, а уште поубаво е кога и самиот маж покажува интерес за задоволството на партнерката и сака да и угоди.
Самосвесните жени можат сами да се погрижат за контрацепцијата, но секогаш сакаат да знаат дека и нивниот партнер се грижи за тоа и е свесен за важноста на одговорното сексуално однесување.
Срамежливите жени можеби нема веднаш да му кажат на партнерот што најмногу им одговара. Еве зошто ова едноставно прашање е ефикасен начин за мажот да открие дали жената се чувствува добро или не.
Сите понекогаш се чувствуваме малку несигурно кога водиме љубов, па секогаш е убаво да се слушне што најмногу му се допаѓа на партнерот кај нас. Ваквиот искрен комплимент во интимните моменти го поттикнува чувството на самодоверба кај жените.
Мажите сакаат кога жените им даваат комплименти за нивните сексуални вештини, но и жените го сакаат истото. Квалитетниот секс е двонасочен процес, во кој и двете страни треба да бидат „наградени“ за добрите вештини.