[ВИДЕО] „Golf II“ со 900 коњски сили: Четвртина милја за 10 секунди

Точка

03/09/2024

11:41

1.488

Големина на фонт

а а а

Овој „Volkswagen Golf Mk2“ под каросеријата крие турбо VR6 и погон на сите четири тркала.

Освен големите тркала, овој „Golf II“ можеби не изгледа супериорно. Но, под површината крие моќен погон на сите четири тркала достоен на суперспортски автомобил.

Овој „Golf“ го придвижува 2.9 литарски „VR6“ од „Volskwagen“. Моторот е многу модифициран за да може да го издржи засилувањето од „BorgWarner EFR 9180“ турбополначот.

Како што наведува „Engine Swap Depot“, погонски систем произведува 898 коњски сили и 1.000 Nm вртежен момент.

Сиот тој потисок доаѓа на тркалата преку петстепенски секвенцијален менувач и модерен „4Motion VW“ систем со погон на сите четири тркала.

„Youtube“ каналот „VeeDubRacing“ објавил видеоснимка од автомобилот кој учествувал на „L9Night“ четвртина милја настанот минатиот месец одржан во близина на Берлин.

На него можеме да видиме неколку забрзувања на монструозниот „Golf“ на четвртина милја (402 м).

Најдоброто време кое го постигна е 10,07 секунди при 225 км/ч на крајот од патеката.

Иако тој број не може да се мери со модерните суперавтомобили како што е „Rimac Nevera“ или „Porsche 911 Turbo S“, сепак, автомобилот е неверојатно брз.




Спонзорирани линкови

Маркетинг