Во главниот град на Австрија купувањето на велосипеди на лизинг преку фирма станува сè попопуларно. Сè повеќе австриски компании им нудат на своите вработени службен велосипед наместо службен автомобил.
Оној којшто ќе земе велосипед на лизинг преку фирма, подоцна може да го исплати по поповолна цена, а додека трае лизингот постојат и големи даночни олеснувања за работникот.
Кога станува збор за возењето на велосипеди во Виена, Ковид – 19 пандемијата е таа којашто предизвика вистински долгорочен „бум“, а од неодамна се забележува и трендот на зголемено купување на велосипеди на лизинг.
Сè повеќе компании во Виена им нудат на своите вработени купување велосипеди на лизинг, при што вработените имаат заштеда од 35% којашто произлегува од тоа што месечните рати за лизинг ќе се одбиваат директно од бруто платата на вработениот, а така настанува и даночното олеснување од околу 30 до 40% во зависност од приходот на вработениот.
Моментално постојан неколку фирми во Виена коишто им нудат лизинг – велосипеди на вработените, а на лизинг можат да се купат сите видови на велосипеди од градските до електричните додека особено се популарни поскапите е – велосипеди. На многу вработени токму лизингот им овозможува да ги купат поскапите велосипеди со плаќањето на рати и даночните олеснувања, а колкава ќе биде месечната рата зависи од бруто платата на вработениот. Доколку вработениот на крајот од лизинг - периодот сака да го откупи велосипедот, преостанатата вредност честопати изнесува околу 10% од новата цена.