Министерство за финансии: Ажурирани податоците на порталот „Отворени финансии“

Макфакс

02/09/2024

15:37

534

Големина на фонт

а а а

Министерството за финансии информира дека е отстранет техничкиот проблем и податоците на порталот „Отворени финансии“ се ажурирани.

„Поради нестручност на фирмата што го одржува порталот, воедно и поради недостиг на ИТ-кадар, системот не бил навремено одржуван, а проблемот почнува да се јавува уште во февруари. Вработените од ИТ-секторот во координација со новиот советник за ИТ-технологии успешно го вратија во функција порталот ‘Отворени финансии’ и ќе продолжат да работат на негово подобрување.

Податоците ќе продолжат да се ажурираат во согласност со утврдената динамика на нивно објавување. Корисниците преку овој портал може да пребаруваат информации за реализација на буџетот одделно по институции и извршени трансакции. Порталот претставува алатка за унапредување на транспарентноста и ѝ дава на јавноста увид во трошењета на парите на граѓаните од страна на буџетските корисници“, соопшти Министерството за финансии.



Спонзорирани линкови

Маркетинг