Судењето за убиствата на Вања и Панче почнува на 4 септември

Макфакс

02/09/2024

15:36

599

Големина на фонт

а а а

Советот за оценка на обвинителен акт, постапувајќи во оценка на обвинение против Љупчо Палевски, осомничен за две кривични дела убиство и две кривични дела грабнување, а поврзани со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје и велешанецот Панче Жежовски во ноември 2023 година донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост, извести Основниот кривичен суд Скопје.

За истиот кривично-правен настан од претходно се обвинети четири други лица за кои е оформен предмет, кој е насрочен за 4.9.2024 година, а за евнтуални промени во терминот, странките и јавноста ќе бидат благовремено известена, додаваат од Основниот кривичен суд Скопје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг