Борел: „Никој не сака војна со Русија, на Киев треба да му се дозволи да удри со европско оружје“

Макфакс

30/08/2024

12:13

1.081

Големина на фонт

а а а

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел изјави дека никој не сака да војува со Русија, но ги повика земјите од ЕУ да дозволат Киев да изврши удари со европско оружје на територијата на Русија.

„Дури и да ја разгледаме можноста да извршиме напад на територијата на Русија, ние не сме во војна со Русија, никој не сака да војува со Русија. Ние едноставно ја поддржуваме Украина“, изјави Борел.

Тој потврди и дека Украина веќе ги користи авионите Ф-16 кои и беа доставени.

Вчера тој им предложи на министрите за надворешни работи да се договорат за став за укинување на сите ограничувања на Киев за удари на руска територија, но по средбата изјави дека не успеале да постигнат единствен став и дека тоа зависи од секоја поединечна држава, да донесе одлука за ова.

Европскиот функционер додаде дека членките на ЕУ ги потрошиле своите воени резерви поради испораките во Украина.

– Не можете да ги замислите напорите што ги преземаат европските земји кога станува збор за помош на Украина. Ги потрошивме нашите залихи, треба да ги надополниме. Веќе стигнавме до бројката од 700.000 парчиња муниција од 155 милиметри. Сè уште не сме ја достигнале целта (еден милион парчиња), но го зголемуваме производството – изјави Борел по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

ЕУ сака да има координативен центар во Украина за давање воена помош, а не се размислува за испраќање воени инструктори – рече тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг