[ФОТО] Изгореа две возила на паркинг кај „Три бисери“ во населба Аеродром

Нетпрес

30/08/2024

12:11

793

Големина на фонт

а а а

Утринава околу три часот изгореа две возила на паркинг кај „Три бисери“ во скопската населба Аеродром.

Граѓаните кои живеат во непосредна близина велат дека слушнале екплозии. На местото на настанот дошла и пожарна. Според командирот на противпожарната единица Ѕвонко Томевски пожарот избувнал кај едно од возилата, а потоа го зафатил и другото возило.


Станува збор за возило Сеат Ибица со скопски регистарски таблички и БМВ со прилепски регистарски таблички. Интеревенирано е со едно противпожарно возило и 5 пожарникари. Се уште не е утврдена материјалната штета и причината за пожарот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг