Јувентус се повлекува од идејата за ангажирање на Санчо

Дерби

30/08/2024

11:28

1.496

Големина на фонт

а а а

Јувентус долг период беше заинтересиран за Џејдон Санчо, но последните најави од Италија се дека раководството на крајот се премислило и нема да го позајми англискиот репрезентативец.

Санчо нема иднина во Манчестер Јунајтед додека менаџер е Ерик тен Хаг и премиерлигашот се обидува да му најде нова дестинација, а Јувентус беше сериозно загреан за да го доведе крилниот напаѓач во финишот на овој преоден рок.

Италијанските медиуми и новинарите кои ги следат случувањата во редовите на „бјанконерите“ сега тврдат дека Санчо веќе не е приоритет, откако и самиот фудбалер не бил премногу одлучен, истовремено меркајќи заем во редовите на ривалот Челси.

Доаѓањето на Нико Гонзалес и одличните настапи на младиот Мбангула се добра основа за Јувентус да верува дека Санчо не е императив во овој преоден рок, па се чини дека нема да има ништо од доаѓањето на Англичанецот во Торино.

Гонзалес дојде од Фиорентина во трансфер вреден над 30 милиони евра, додека 20-годишниот Мбангула е повлечен од вториот тим и досега има еден гол и две асистенции на два натпревара како стартер за Јувентус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг