"eBay" е позната онлајн продавница која на Западот често се користи, а на германската платформа се појавил интересен оглас.
Би помислиле дека можеме да најдеме фарови за автомобили по цени кои се достапни за секого, но со разлика од моделот на автомобилот.
Во огласот кој се појавил се продаваат фарови за "Bugatti Chiron", а цената е вртоглава – 153.600 евра.
"Bugatti Chiron" е еден од најскапите автомобили во светот, а за него треба да издвоите некаде околу 3 милиони евра. Секако, деловите за овој скап автомобил не чинат помалку од цената на стан во Скопје, па тоа можат да си го дозволат само оние со „подлабок“ џеб.
Но, ако почнавте да размислувате за купување автомобил "Bugatti", компанијата го претстави "Tourbillon", автомобил од новата генерација кој достигнува 300 km/h за помалку од 10 секунди.

Неговото име е изведено од системот на турбилон, што значи механизам за балансирање во механичките часовници. Овој модел е достапен во само 250 парчиња, а достигнува брзина од 445 km/h, што го прави еден од најбрзите автомобили во светот.
Иако е хибриден модел, тој е полесен од "Chiron", дури и со батерија.
Моделите на "Bugatti" се врв на луксузот и перформансите, а цените на деловите и понатаму остануваат исклучително високи.









