Легендарниот шведски тренер и Дејвид Бекам имале посебен однос бидејќи Ериксон му ја дал капитенската лента и го направил лидер на Гордиот албион.
Уште пред седум кога легендарниот шведски фудбалски тренер Свен-Горан Ериксон во јавноста откри дека боледува од рак на панкреас, сите знаеле како ќе заврши тоа. Знаел и тој. Лекарите му прогнозирале уште една година живот, но тој си замина порано, на 77 години. Од моментот кога ја дознал дијагнозата настојувал времето кое му останало да го минува со своето семејство и да си ги исполни желбите кои претходно не стигнал.
Легендарниот шведски тренер и Дејвид Бекам имале посебен однос бидејќи Ериксон му ја дал капитенската лента и го направил лидер на Гордиот албион. Бекам од Швеѓанецот се простил со емотивна порака на Инстаграм, а попатно открил дека во јуни имале последно дружење на кое донел шест литри вино за да наздрават за среќните спомени.
David Beckham's emotional tribute to Sven-Göran Eriksson ❤"We laughed, we cried, we knew we were saying goodbye... in your last words you said to me: it'll be okay" 😢
David Beckham's emotional tribute to Sven-Göran Eriksson, the England manager who made Beckham Three Lions captain ❤
Posted by Sky Sports Football on Monday 26 August 2024
„Се смеевме, плачевме и знаевме да се збогуваме … Свен, фала ти што секогаш беше личноста која беше, страстен, грижлив, мирен и вистински господин. Засекогаш ќе бидам благодарен што ме направи свој капитен, а јас секогаш ќе ги чувам овие последни сеќавања на овој ден со тебе и твоето семејство … Ти благодарам Свен, и на твоите последни зборови до мене: ќе биде во ред“, напишал Бекам.
„Дојде со шест литри вино со датуми кое ми беа важни. Имаше вино од 1948-ма кога, кога сум роден, тоа беше многу убаво од него. Тој е искрена личност, можеше да биде голема дива, но случајот со него е сосема спротивен“, открил Ериксон во документарецот кој го снимил пред смртта.
Исто така, Бекам донел шише вино од 1982-ра година кога Ериксон освоил Куп Уефа со Гетерборг, како и шише вино од 2000-та година кога Швеѓанецот ја освоил Серија А на клупата на Лацио.