Зошто Шпанците не ја пеат својата химна? Секогаш ќе ги видите само како ја слушаат внимателно, а еве зошто е тоа така

Точка

26/08/2024

21:42

6.004

Големина на фонт

а а а

Во текот на ова лето имавме шанса да гледаме бројни спортски настани на коишто настапуваа репрезентациите на речиси сите држави од светот. Обичајот на овие настани е да се пее химната на државата која ја претставува таа селекцијата или спортист, при што спортистите на глас ја пеат својата химна, меѓутоа тоа не е случај со Шпанците.

Доколку се анализираат нивните претходни настапи, може да се забележи дека тие секогаш само гордо ја слушаат химната гледајќи во шпанското знаме. Ваквото однесување на шпанските спортисти го привлече вниманието на многумина, а причината зошто тие се однесуваат така, е фактот што шпанската химна нема текст.


Шпанската химна се нарекува „Marcha Real“, а традиционално е позната и како „Marcha Granadera“ и „Marcha Real Española“, и таа е една од трите државни химни којашто нема текст (покрај државните химни на Босна и Херцеговина и Сан Марино).

За химната на Шпанија беа напишани неколку текстови, химната имаше повеќе верзии и беше користена со текст повеќе пати. Меѓутоа било многу тешко да се пронајде текст којшто ќе ја обедини земјата во којашто постојано владеат тензии помеѓу Каталонците, Баскијците и остатокот од Шпанија. Во 1978 година беше отфрлена последната верзија на химната која беше одобрена од националистичкиот водач и генерал Франциско Франко, и оттогаш шпанската химна се изведува без текст.