Таткото на Ламин Јамал го привлече вниманието со своите објавија за време на Европското првенство, но сега Мунир Насрауи стана топ тема во Шпанија поради страшната вест која пристигнува од неговото родно место.
Како што јавуваат најугледните шпански медиуми, таткото на младата ѕвезда на Барселона бил избоден неколку пати со нож минатата вечер, сето тоа како последица на немил инцидент кој започнал со физичка пресметка.
Познатите новинари се уште немаат доволно детали за инцидентот и собираат информации од сведоците, но засега се знае дека здравствената состојба на таткото на Ламин воопшто не е наивна.
Ha salido este vídeo del padre de Lamine Yamal discutiendo esta tarde con unos vecinos
— ️ٓ️ (@CocoExiliado) August 14, 2024
pic.twitter.com/aWp4lmvwme
Мунир бил примен во тешка состојба во болница откако загубил доста крв, па според информациите, лекарите ќе мора да интервенираат и да ја спасуваат ситуацијата со хируршка интервенција.
Momento en el que la policía llega para separar la pelea del padre de Lamine Yamal con sus vecinos
— ️ٓ️ (@CocoExiliado) August 14, 2024
pic.twitter.com/RWg92GwSyp
Немилиот настан се случил во градот Матаро во кој живеее таткото на Јамал, а Мунир бил итно пренесен во ургентниот центар во Барселона.