„Ова е некоја професорка по уметност од Минесота“: Восочната фигура на Тејлор Свифт предизвика бројни шеги на „Х“

Точка

14/08/2024

20:41

3.995

Големина на фонт

а а а

Во средата во музејот на восочни фигури Паноптикум во Хамбург беше претставена нова восочна фигура на Тејлор Свифт, создадена од берлинската уметница Лиза Бушер во природна големина на познатата пејачка.

Не требаше долго време за нејзините фанови да се појават на социјалните мрежи и да го прокоментираат нивното мислење за изгледот на вештачката фигура. Повеќето од нив се лути затоа што чувствуваат дека ја „уништиле нејзината убавина“ и дека „изгледа како дете ја направило“.

„Изгледа како мајката на Мараја Кери“, „Ова е некоја професорка по уметност од Минесота“, „Таа треба да го тужи музејот“, „Дали оваа дама може да се помести за да можам навистина да видам каде е Тејлор“, се пошегуваа корисниците на „Х“ за восочната фигура.

Многу корисници на социјалната мрежа напишаа дека восочната фигура многу ги потсетува на Лиза Кудроу која ја глумеше Фиби во серијата „Friends“.

„Предизвик беше да се обликуваат рацете во форма на срце“

Восочната фигура е облечена во син комбинезон со светки, сличен на оној што пејачката го носеше на музичките награди „iHeartRadio“ во 2019 година. Аутфитот го комплетирале со чизми до колена. Фигурата ги држи рацете во форма на срце, симбол кој е популарен меѓу обожавателите на Свифт.

„Постигнувањето на совршена сличност е особено предизвик кога станува збор за беспрекорна убавина без брчки“, изјавила уметницата Лиза, додавајќи: „Посебен предизвик беше обликувањето на рацете во форма на срце. Спојувањето на двете раце воопшто не беше лесно“.

Восочната фигура на Ед Ширан исто така предизвика бурни реакции

За потсетување, покрај познатата пејачка, во музејот се наоѓаат и фигурите на Анџелина Џоли, кралицата Елизабета Втора, Карл Лагерфелд, Хенрик Осми и многу други познати личности. Минатата година, музејот претстави нов додаток во поставата, восочната фигура на музичарот Ед Ширан која предизвика бура од реакции на „X“. Фигурата на музичарот со разбушавена коса кој држи гитара може да изгледа добро од далеку, додека не се приближите малку повеќе.

„Зошто изгледа како Борис Џонсон?“, „Зошто Борис Џонсон се маскирал во Ед Ширан?“, „Ова е морничаво“, „Што ако трепне?“, „Остарел“, беа дел од коментарите.