[ФОТО] Закерберг го покажа необичниот подарок со кој ја изненадил сопругата: „Обидете се да го надминете ова“

Точка

14/08/2024

15:14

4.844

Големина на фонт

а а а

Што да му подарите на некој кој има сè е прашање што сигурно си го поставил Марк Закерберг кога размислувал како да ја изненади својата сопруга, а потоа дошол до необична идеја.

Сопственикот на „Meta“ се пофалил со романтичниот гест со кој ѝ покажал на својата сопруга Присила Чен колку ја сака.

Имено, тој нарачал голема статуа од својата сопруга која ја поставил во нивниот двор.

„Ја враќам римската традиција на изработка на скулптури од сопруги“, напишал тој во описот на фотографијата на Инстаграм.


Статуата ја направил уметникот Даниел Аршам, а истата ја прикажува Присила во сребрена облека која ја носи ветрот. На фотографијата што ја споделил Марк, Присила позира покрај нејзината статуа, во опуштено издание и со сина чаша која е во иста боја како статуата.

Овој гест го пофалија бројните следбеници на Закерберг.

„Пронајдете си маж кој прави скулптури за вас“, „Ова е прекрасно и предобро“, „Го подигна нивото за сите други мажи“, „Обидете се да го надминете ова“, му пишувале тие.


Инаку, Марк и Присила се заедно повеќе од 20 години. Како што откри во една прилика, тие се запознале на прошталната забава организирана од неговите пријатели бидејќи мислеле дека Марк ќе биде избркан од факултет.

„Ја поканив да излеземе, но ѝ реков дека ќе мораме да го направиме тоа наскоро бидејќи можеби ќе ми останат уште само неколку дена во кампусот. Подоцна го отворив Фејсбук, се венчавме и сега имаме три прекрасни ќерки“, раскажал тој.