Се огласи судијата од мечот САД-Србија: Не сакам да долевам масло на огнот…

Дерби

14/08/2024

12:25

14.019

Големина на фонт

а а а

Селекцијата на Србија го освои бронзениот медал на Олимписките Игри, но се уште кај нашите северни соседи има чувство дека можеле да одат и повисоко, да бидат златни во Париз затоа што сметаат дека биле оштетени во полуфиналето со Соединетите Американски Држави.

Србите имаат двоцфрена позитива и контрола на играта 30 минути за да во последниот период Американците се разбудат, одиграат на повисоко ниво, направат пресврт и дојдат до финалето кое потоа го добија со Франција.

Имаше доста коментари за арбитражата на таа средба, се правеа и компилација од наводните грешки на судиите, а еден од нив беше од Балканот, поточно од Босна и Херцеговина.

Се работи за Адемир Зураповиќ кој е интернационален судија од 1995 година, судија со огромно искуство, па за добиените критики порача:

- Нема да одговарам на такви работи, секој нека одговара за своите постапки. Едноставно не сакам да зборувам за тоа, да долевам масло на огнот. Ако ја судите првата фаза на Игрите во Париз, потоа четврт-финалето, потоа полуфиналето, па погледнете што судев на претходните Игри во Токио, мислам дека тоа кажува се.

- Сега ме чека кратка пауза, а потоа нова сезона во која повторно ќе судам на меѓународна сцена, во Лигата на шампионите на ФИБА, - истакна Зураповиќ кој ја делеше правдата заедно со Хулио Анаја и Мартин Козловскис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг