Филмот „Mysterious Skin“, во режија на Грег Араки, продолжува да предизвикува непријатност кај гледачите речиси 20 години по неговото прво прикажување. Имено, на социјалните мрежи неодамна се развила дискусија за филмот снимен во 2004 година. „Се сетив на тој филм пред некое време, но не можев да се сетам на насловот. Сепак, можев да се сетам на ужасот кој го предизвика во мене“, напишал извесен корисник на „Reddit“ предизвикувајќи дебата.
Филмот е заснован на истоимениот роман на Скот Хејм и следи две момчиња, Нил (Џозеф Гордон Левит) и Брајан (Брејди Корбет), кои претрпеле злоставување во детството и развиле различни механизми за справување со траумата. Нил се занимава со проституција, додека Брајан ја потиснува траумата и на тој начин му предизвикува празнини во меморијата – поради кои верува дека бил киднапиран од вонземјани. Преку нивните паралелни приказни, филмот ги истражува мрачните аспекти на човечката психа и последиците од траумата.
Иако филмот бил пофален за неговите силни актерски изведби, особено онаа на Џозеф Гордон-Левит, сепак многумина го сметаат за еден од највознемирувачките филмови некогаш снимени. Имено, филмот прикажува сцени на сексуална злоупотреба на крајно реалистичен начин, што било премногу за многу гледачи.
„Затоа што, за разлика од порнографските прикази во филмовите како „Српски филм“ или „The Human Centipede“, тој е реалистичен и непоколеблив во прикажувањето на злоставувањето и начинот на кој луѓето реагираат на тоа“, „Дефинитивно е на врвот на мојата листа на филмови кои ме воодушевија, но кој не сакам повторно да го гледам“, „Најза**аниот филм што сум го гледал“, пишуваат гледачите.
„Има тешки работи во филмот, но ништо од тоа не е случајно. Ништо од тоа не е тука само за да предизвика шок, сè е тука со смисла и порака. Поентата е во тоа тешко, но емотивно патување на двете момчиња“, своевремено изјавил режисерот Грег Араки.
Џозеф Гордон-Левит во повеќе интервјуа зборувал за своето искуство со филмот „Mysterious Skin“, и улогата која, според него, му овозможила да премине од светот на детските ѕвезди во сериозен актер. Во едно интервју, Џозеф истакна дека оваа улога е исклучително предизвикувачка и различна од она што го правел претходно, особено што пред тоа бил познат само по неговата работа во серијата „Third Rock from the Sun“.
Нагласил дека режисерот Грег Араки му дал можност да се покаже во сосема ново светло, што за него било клучно искуство во кариерата.
Филмот е достапен за гледање на Amazon Prime Video и Apple TV.