Холивуд веќе со децении ги романтизира љубовните односи со помлади мажи. Неодамна тоа беше портретирано во љубовната врска на Зак Ефрон (36) и Никол Кидман (57) во романтичната комедија на „Netflix“ – „А Family Affair“ и во филмот со Ен Хатавеј (41) и Николас Галицин (29) во „The Idea of You“.
Анкетата реферирана од „Daily Mail“ открила дека опишаниот генерациски јазол во возраста од филмското платно се преселило и во секојдневниот живот, бидејќи милениумките откриле дека младите мажи од генерацијата Z се емоционално подостапни, повеќе им се восхитуваат и помала е конкуренцијата отколку кај нивните постари врсници.
Американците на возраст од 18 до 34 години изјавиле дека гледаат многу предности во врска или брак со некој кој е 10 или повеќе години постар од нив.
Како главни причини се наведени физичката привлечност, емоционалната зрелост и финансиската слобода. Анкетата на Ипсос покажала дека 74 отсто од жените кои излегувале со помлади мажи биле сексуално поисполнети и доживеале повеќе забава, отколку кога би излегувале со некој на нивна возраст.
Истражувачите анкетирале 207 жени кои излегувале со помлади мажи, откривајќи дека тие се подостапни и дека не чувствуваат потреба да се натпреваруваат со партнерот бидејќи биле во различни животни фази.
Околу осум од 10 учесници во истражувањето кои навеле разлика во возраста од 10 или повеќе години во нивните врски, изјавиле дека можат полесно да ги изразат своите потреби и желби, да веруваат во намерите на партнерот и да бидат свои.
„Не загрозуваат ниту еден аспект од мојот живот бидејќи автоматски сме на различни места/фази поради разликата во годините“, објаснила една жена за „StudyFinds“.
Друга жена изјавила: „Се чини дека жените на моја возраст ги возбудува свежината и недостатокот на горчина кој доаѓа од излегувањето со некој помлад. Помладите мажи изгледаат поотворени и помалку оптоварени со несигурност.
Познатите личности долго време се залагаат кон осврнување кон помлади партнери, а некои тоа го доведуваат до екстремни нивоа, како Мадона (65) и Џош Попер (30) кои ги дели разлика од 36 години и Шер (78) и нејзиниот 40 години помлад дечко Александар Едвардс.
Шер ја признала нивната разлика во години во објава на „X“ уште во 2020 година, пишувајќи: „На хартија, ова изгледа чудно (дури и за мене). АЕ вели дека љубовта не знае математика“.
Во друг твит Шер го опишала Едвардс како љубезен, паметен и забавен. Рекла и дека се бакнуваат како тинејџери.
Другите познати личности како Пријанка Чопра (420 и Ник Џонас (31) ги дели 10-годишна разлика, а Хајди Клум (51) од сопругот Том Каулиц (34) е постара 16 години – уште еден доказ дека за нив годините се само бројка.
Сепак, останува отворено прашање, што добиваат мажите од врската со постара жена?
„StudyFinds“ известил дека меѓу 200 анкетирани мажи, многумина рекле дека ги привлекува емоционалната зрелост на постарите жени, а едно лице изјавило дека го цени тоа што има постара партнерка бидејќи таа е позрела од жените на негова возраст.
Но, помладите мажи веруваат и дека излегувањето со постара жена ги натерало да растат побрзо, и емотивно и социјално.
„Често сфаќам дека жените се многу поразвиени кога се во прашање врските и емоционалната длабочина и вистинското изразување на чувствата“, вели еден маж од Gen Z: „Исто така, разликата во годините значи дека ја сфаќам врската посериозно и подобро се развивам“.
Податоците од студијата: мажите од генерацијата Z на излегувањето со милениумките гледаат како можност за понатамошен развој.