Македонец убиен во Бела црква во Србија: Се скарал со новиот сопруг на поранешната сопруга, па го удрил

Макфакс

12/08/2024

16:19

3.762

Големина на фонт

а а а

Шеесет и едногодишниот Горан С. од Врачев Гај кај Бела Црква е приведен вчера поради сомнение дека го убил Македонецoт Бобан П., кој бил во љубовна врска со неговата поранешна сопруга.

Убиството се случило во четвртокот вечерта во близина на куќата на осомничениот Г.С. каде ги затекнал неговата поранешна сопруга и нејзиниот партнер.


До несреќата дошло откако Македонецот со неговата партнерка биле во посета на нејзина пријателка која живеела во соседството на поранешниот сопруг.

Г.С. во еден момент го удрил Б.П. по што Македонецот паднал со глава на земја и набргу потоа починал.


Очевидец на несреќата во изјава за српските медиуми вели дека Г.С. бил рзведен повеќе од една година, а неговата поранешна сопруга се преселила во Македонија кај сега веќе убиениот Б.П.

На Г.С. му е одредена мерка притвор до 48 часа и ќе биде сослушан во Вишото јавно обвинителство во Панчево.




Спонзорирани линкови

Маркетинг