Познатиот актер Том Круз вчеравечер во Париз приредил вистински спектакл на затворањето на Олимписките игри, кои траеја од 26 јули. Тоа била изведба во стилот на познатиот филмски серијал „Невозможна мисија“ во кој тој ја толкува главната улога. Како што изведувал неверојатни акробации на филмското платно, своите вештини ги покажал и во Франција, поради што речиси никогаш не бара помош од каскадер на снимање.
Имено, Том Круз се симнал од покривот на стадионот Стад де Франс во Париз, за време на спуштањето на американското знаме и изведувањето на американската химна, а на бината го пречекала гимнастичарката Симон Бајлс, која му го предала олимпиското знаме кое тој го спакувал во задниот дел од моторот, со кој се одвезол од арената. Тој бил облечен во неговата позната кожна јакна Топ Ган. На крај, „скокнал од авионот и позирал покрај знакот на Холивуд во однапред снимена секвенца“.
Акробациите на Том Круз (62) во живо на стадионот ги виделе илјадници луѓе, а милиони ширум светот. Неговиот настап се одржал при крајот на церемонијата, а неговото бомбастично појавување всушност ја претставува транзицијата на Олимписките игри од Париз во Лос Анџелес, од каде што настапиле Били Ајлиш, Снуп Дог и Ред Хот Чили Пеперс.
И „златниот човек“ направи бум во Париз.
Том Круз направи вистински бум на самиот крај на Игрите, а неговата одлука да не ја користи помошта од каскадери ги изненадила дури и неговите значително помлади колеги. За потсетување, актерот има 62 години.
Круз се појавил на церемонијата претходно изминатата вечер, кога неговото лице привлекло големо внимание.
На церемонијата на францускиот национален стадион учествувале повеќе од 100 танчари, циркуски уметници и други изведувачи.
Уметничкиот директор Томас Џоли изјавил дека церемонијата на затворање била замислена како „спој на чудо и дистопија“, видовме изведба на Златниот патник кој ја однесе публиката низ историјата на Олимписките игри, а акробатите ги обновија и подигнаа познатите пет прстени на Игрите.
Церемонијата беше одбележана и со настапи на француски бендови, како и претходно снимени настапи на американски ѕвезди кои ги најавија Олимписките игри во 2028 година, кога Лос Анџелес ќе биде домаќин.
Францускиот бенд „Phoenix“ ја кренал публиката на нозе, како и групата која го започна шоуто со песната „Playground Love“.
Биле прикажани настапи на бендот Ред Хот Чили Пеперс, Били Ајлиш и Снуп Дог Тие изведби биле претходно снимени. Француската пејачка Исеулт ја затворил Олимпијадата во Париз со спектакуларна изведба на „My Way“.