[ФОТО] Оваа жена е чисто совршенство: Блејк Лајвли во магичен фустан уште еднаш докажа дека е неприкосновена кралица на стилот

Точка

09/08/2024

19:12

17.783

Големина на фонт

а а а

Кога станува збор за модата, судејќи по сè овој период од годината ѝ припаѓа на Блејк Лајвли.

Имено, прекрасната актерка од ден во ден нè воодушевува со своите стајлинзи, а додека трае промоцијата на филмот, Блејк ќе продолжи да го „руши“ интернетот со своите Серена ван дер Вудсен модни избори.

Таа пред само неколку дена го освои модниот свет со белото одело што го носеше во Лондон по повод премиерата на филмот „It Ends With Us“ во кој ја толкува главната улога.


Непосредно пред тоа, Лајвли блесна во Њујорк во фустан со потпис на „Versace“ кој го прослави Бритни Спирс во 2002 година.


Сега таа повторно ја воодушеви лондонската публика (а и целиот свет) со фасцинантен фустан и уште повпечатлива наметка.

На убавата актерка одлично ѝ прилегал долгиот, елегантен сребрен фустан со цветни детали, а како и секогаш целиот стајлинг го заокружила со ефектен накит.


Нејзината фризура била едноставна и гламурозна, како што и сме навикнати, а кога се чевлите во прашање, таа се одлучила за едноставни, сребрени салонки.

Највпечатлив детаљ секако била наметката од перја во впечатливо црвена боја, која само дополнително го нагласила гламурот на целокупниот аутфит.

Блејк од ден во ден покажува совршени модни комбинации, а по малку полежерниот стил кој вообичаено го претпочита кога не е под рефлекторите, вистинско задоволство е да се види во вакви изданија.