[ВИДЕО] Овој човек не спиел воопшто од 1962 година: Не можете да замислите што прави секоја вечер, повеќе од 60 години

Точка

09/08/2024

18:48

4.078

Големина на фонт

а а а

Надреалната приказна за Таи Нгок кој не спиел цели 62 години, ни ја пренесува јутјубер кој бил фасциниран од оваа приказна.

Таи Нгок е човек кој тврди дека не „трепнал со око“ од 1962 година, а лекарите немаат објаснување зошто е тоа така.

Некои тврдат дека тоа би можело да биде посттрауматски синдром од војната, додека други сепак мислат дека тоа е ретка медицинска состојба.


Таи живее во Јужен Виетнам, а јутјуберот Дру Бински отишол кај него и ја поминал ноќта со него, како би утврдил дека овој човек навистина не спие.

„Кога последен пат спиеше“, го запрашал Дру. „Не се сеќавам, но имам желба да спијам“, одговорил тој.

Таџ Нгок живее со сопругата и двајцата се припадници на будизмот, веруваат дека страдањето е составен дел од животот и дека само преку медитација може да се доживее нирвана.

„Што правите од 23 часот до зори?

„Работам на произведување вино од ориз.

Таи Нгок вели дека спиел пред и за време на Виетнамската војна, но после тоа едноставно престанал да спие. Во болницата не знаат зошто состојбата му е таква.

Неговите најблиски се свесни дека тој не спие и сега се сосема помирени со неговата здравствена состојба, сметајќи дека е нормален.

Во текот на денот, Тај Нгок работи на оризово поле, каде што работи и нејзиниот син. Во текот на ноќта, тој произведува вино од ориз, а речиси и да не се чувствува уморен. Во текот на денот јаде многу малку, додека постојано консумира вино од ориз, но и чаеви.


Тај Нгок признава дека пие по едно шише оризово вино дневно. „Кога би можеле да спиете, дали би сакале?

„Секако дека би сакал“.

„Ги гледам другите како спијат и им завидувам. Во ноќите со сјајна месечина обично излегувам на поле и плевам, садам. Работам двојно повеќе од другите, но не заработувам ништо повеќе од другите“.

Дру ја поминал ноќта со него сакајќи да види што прави човекот секоја вечер цели 60 години. Таи Нгок најпрвин работел на производството на вино, а потоа се истуширал, ги облекол пижамите и си легнал обидувајќи се да спие. Но, во тоа не успеал.


По 5 минути веќе бил на нозе, палел оган, правел чај и пушел.

Кога дошло време за појадок, се упатил да ги нахрани своите кокошки, да се грижи за земјата и да си ја заврши работата.