Американската гимнастичарка Симон Бајлс (27) стана хит на интернет поради едно видео од Олимписките игри во Париз.
Во видеото од 3 секунди, Симон гледа во далечината, а потоа брзо ја врти главата кон камерата. Многумина се согласија дека нејзината реакција е смешна. Не им требаше многу време на корисниците на „X“ да почнат да се шегуваат, а бројни мемиња ја преплавија социјалната мрежа.
„Вака се вртам кога ќе почувствувам мирис на фахитас“, „Јас секој пат кога некој ќе ја спомне Тејлор Свифт“, „Кога сопругата ќе почне да се поздравува на забава и ќе ме слушне како отворам ново пиво“, „Јас кога ќе помине момче без маица покрај мене“ , се шегуваат луѓето на „Х“.
Инаку, 27-годишната Симон освои сребро на партерот на Олимписките игри во Париз. Претходно таа изненадувачки остана без медал на греда. За време на вежбата падна и поради тоа го зазеде петтото место со 13.100 поени, додека втората фаворитка за златото, Бразилката Ребека Андраде, беше четврта.
На партерот и двете го подобрија впечатокот, Андраде го освои златото, Бајлс среброто, додека бронзата ѝ припадна на Американката Џордан Чилес. Бајлс на тој начин дојде до својот четврт медал во Париз по златото во повеќебој, прескок и екипно натпреварување. Тоа е нејзин 11-ти олимписки медал – има 7 златни и по 2 сребрени и бронзени медали.