Снимката од Сплит на којашто се појавуваат две кучиња ги освои срцата на многумина корисници на социјалните мрежи и им го разубави денот.
Една корисничка на „ТикТок“ ја сподели оваа снимка на којашто кучињата трпеливо стојат додека нивниот сопственик весла на чамецот. Кучињата имаа елеци за пливање а нивниот сопственик потоа ги префрли на брод.
„Не знам за вас, но мене ова ме растопи“, напиша таа. Многу корисници на „Тикток“ се согласија со ова. „Премногу медено, уживанција“, „Браво за газдата“, „Тоа е љубов“, „Преслатко“, „Морски кучиња“, беа само дел од коментарите на „ТикТок“ корисниците.
Подоцна се појави девојка којашто напиша дека на видеото се појавува нејзиниот чичко, а неговите кучиња се викаат Пико и Руби и се заблагодари за оваа симпатична снимка.
„Кој и да ја направил снимката, секоја чест. Сите убаво се насмеавме и мило нѝ е што го имаме ова видео“, додаде таа.