Под градот Хаифа на северот на Израел изградена е огромна подземна болница, со повеќе од 2.000 кревети.
Во случај на голем напад врз Израел, оваа болница би ги сместила пациентите кои веќе се лекуваат во соби над земја и други здравствени установи во близина.
Медицинскиот центар Рамбам го изгради овој бункер по војната меѓу Израел и либанскиот Хезболах во 2006 година, пишува Би-Би-Си. Обично се користи како катен паркинг, но за помалку од три дена може да се претвори во болница.
Овој бункер беше ставен во готовност набргу по ненадејниот напад на палестинската екстремистичка група Хамас на југот на Израел на 7 октомври и најновата израелска воена одмазда во Појасот Газа.
Како што расте заканата од сеопфатна регионална војна по убиството на политичкиот водач на Хамас Исмаил Ханије и главниот командант на Хезболах Фуад Шукр минатата недела, лекарите велат дека се подготвени за голем напад врз Хаифа, третиот по големина град во Израел.
„Кога може да се случи тоа? Никој не знае. Многу зборуваме за тоа“, изјави д-р Ави Вајсман, директор на медицинскиот центар.
Jenny Hill reporting from Israel on a hospital thats been set up underground in preparation for possible missile attacks.
— Saul Staniforth (@SaulStaniforth) August 7, 2024
Maybe next you can do a similar report from Gaza? Except you can't, because Israel won't let you, & they've destroyed all the hospitals anyway. pic.twitter.com/o7Cj2GNw5Z
Тој и вработените само се надеваат дека секоја ескалација на насилството нема да трае долго.
Недалеку од болницата се наоѓаат Погледот и модерното пристаниште, како и Либан. Границата може да се види со голо око, што ја прави Хаифа ранлива.
Во случај на ирански напад, подземен бункер бил подготвен во планините на Ерусалим за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и други израелски официјални лица. Станува збор за бункер, познат и како Национален контролен центар.