[ФОТО] Никој после разводот не блескал повеќе од него: Актерот „пука“ од среќа, во бракот очаен, а после крајот – прероден

Точка

07/08/2024

18:22

7.118

Големина на фонт

а а а

Актерот Бен Афлек изгледал многу позитивно и среќно додека бил фотографиран во Лос Анџелес среде тврдењата дека ја „понижил“ сопругата Џенифер Лопез, непосредно пред нивниот развод кој е на чекање.

Актерот (51) повторно бил без бурма додека среќно пристигнал во својата канцеларија, облечен во костум пиејќи ледено кафе.

Бен носел очила и кожна чанта додека излегувал, а потоа бил фотографиран без венчален прстен на домалиот прст.


Додека Џенифер Лопез, како што пренесува „Page Six“, се чувствува „понижено и засрамено“, Бен Афлек, од друга страна, никогаш не бил посреќен. Купил замок од 18 милиони долари, се средил и се разубавил.

Се чини дека разводот силно ја погоди Џенифер, а на Бен Афлек изгледа повеќе не му е грижа. На почетокот било обратно, Бен постојано бил забележуван во јавноста со лименка пиво во рацете, опуштен и депресивен. Сега работите се свртеле и Бен повторно е оној стариот, со широка насмевка од уво до уво.



Џенифер Лопез се чувствувала многу лошо поради разводот, според извори на „Page Six“, бидејќи Бен важел за љубовта на нејзиниот живот, а во целата приказна биле вклучени и нивните деца.



Разводот е одложен бидејќи Бен не сакал да наштети на психичкото здравје на Џенифер, иако во суштина тие се разделени и живеат како никогаш и да не биле пар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг