[ФОТО] Во Јадранското море се појави досега невидена риба

Точка

07/08/2024

16:16

9.217

Големина на фонт

а а а

Во Јадранското море се појави риба којашто никогаш порано ја немало, соопштија од Институтот за океанографија и рибарство од Хрватска.

Станува збор за рибата „хирург“(acanthurus monroviae) која инаку живее во Атлантскиот океан, од јужно Мароко до Ангола. По 1097 година почнала да се појавува во Средоземното море, па со текот на времето нејзиниот број се зголемил до таа мерка што се претпоставува дека сега таа има постојана популација во јужниот дел на морето, а неодамна оваа риба беше пронајдена и во Црното море на Крим.

Riba kirurg (Acanthurus monroviae) inače nastanjuje istočni Atlantski ocean, od južnog Maroka do Angole. 🐠🌍


🔎Nakon...

Posted by Institut za oceanografiju i ribarstvo on Tuesday, August 6, 2024

Оваа година имаше неколку пријави дека рибата била забележана во Кострена во Хрватска. Како што велат од Институтот за океанографија и рибарство не се знае како овие риби стигнале во околината на Ријека, но може да се каже дека сега во Јадранското море плива риба којашто никогаш порано ја немало.


Рибата „хирург“ најмногу се храни со растителна храна, но понекогаш јаде и ситни безрбетници и расте до 45 цм должина.