Пад на пазарот на криптовалути – изгубени 270 милијарди долари: Најголем пад на биткоинот во еден ден

Точка

06/08/2024

21:31

2.806

Големина на фонт

а а а

Пазарите со криптовалути „ослободија“ 270 милијарди долари за само 24 часа. Според пишувањата на „Poslovni dnevnik“, овој пад е нов потсетник дека биткоинот е ризична сопственост. Ова е најголем еднодневен пад на биткоинот којшто од затворањето в недела до понеделник наутро, падна за 13%, во еден момент под 50.000 долари, што е негова најголема загуба на вредноста во еден ден од ноември 2022 година.

Биткоинот беше на ова ниво последен пат во февруари 2024 година, додека неговата највисока цена изнесуваше 64.800 долари во април 2021 година. Во уште полоша состојба се најде итиријумот кој во еден момент изгуби дури четвртина од вредноста.


Виртуелните валути реагираа на распродажбата на другите ризични имоти на берзите, по најавата за можната рецесија во САД и по објавувањето на податоците околу разочарувачките работни резултати на компаниите, растот на невработеноста и падот на производството.

Покрај ова „FED“ не вети намалување на каматните стапки во септември, и покрај растечките напнатости на Блискиот Исток.

Интересно е дека опаѓањето на биткоинот се случи по законодавниот предлог за тоа САД во иднина покрај стандардната национална благајна, да воспостави и стратешка резерва од криптовалути првенствено биткоинот, којшто го предложи сенаторката од Вајоминг, Синтија Лумис.


Законодавниот предлог вклучува план за основање на „децентрализирана мрежа на сигурни биткоин – трезори“ со кои би управувал „FED“. Иронија е тоа што аргументот на Лумис беше дека со овој потег ќе се осигури иднината на новите генерации и финансиската стабилност на државата.

Законот е предложен под името „Boosting Innovation, Technology, and Competitiveness through Optimized Investment Nationwide Act of 2024“ – скратено „BITCOIN Act of 2024“.

Претходно годинава американската Комисија за хартии од вредност и берза одобри фонд со кој се тргува на берзата за следење на моменталната цена на биткоинот и итиријумот, а в петок е објавено дека и Морган Стенли наскоро ќе им дозволи на неговите финансиски клиенти да понудат „ETF“ биткоини, што ќе бидат прв пат на „Wall Street“ да се случи такво нешто.




Спонзорирани линкови

Маркетинг