Голем шок за Трамп: Камала Харис им донесе најголема предност на Демократите во однос на Трамп

Точка

06/08/2024

20:29

3.004

Големина на фонт

а а а

Актуелната потпретседателка на САД, Камала Харис им донесе на демократите најголема предност во однос на бившиот претседател Трамп во последната година дена.

Најновата анкета за претседателските избори во ноември на „Morning Consult“ покажа дека Харис води пред Трамп со 48 спрема 44 проценти помеѓу регистрираните избирачи во САД. Компанијата којашто е специјализирана за онлајн истражувања, вели дека анкетата бил спроведена помеѓу втори и четврти август и дека се базира на одговорите на 11.265 избирачи.


Предноста од четири поени е рекордно висока разлика во корист на Харис и воедно нејзина најголема предност во однос на Трамп во последната година дена, велат од „Morning Consult“.

Камала Харис исто така има предност пред Трамп и помеѓу независните избирачи (42 спрема 37 проценти) а исто така го победи бившиот претседател за 9 поени, во анкетата на младите избирачи на возраст од 18 до 34 години (49 спема 40).

Меѓутоа трема да се земе превид дека американскиот претседател се избира преку електори во сојузните држави, а не преку вкупниот број гласови од целата земја. Поради тоа исто како и на изборите во 2016 и 2020 година, клучни сојузни држави ќе бидат оние коишто не се доминантно демократски или републикански. Тука се истакнува Мичиген, Висконсин и Пенсилванија и според анкетите во овие држави Трамп и Харис се речиси изедначени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг