Германскиот прволигаш Борусија Дортмунд официјално потврди дека ново име во нивните редови е искусниот играч од средината на теренот, Паскал Грос.
Грос е репрезентативец на Германија кој на „Сигнал Идуна Парк“ доаѓа од редовите на Брајтон. Тој во претходните седум години беше дел од овој клуб, одигра 228 натпревари во Премиер лигата на кои постигна 30 погодоци и забележа 45 асистенции.
- Среќен сум што сум играч на Борусија Дортмунд. Потписот за овој клуб е огромна работа за мене, бидејќи сум навивач на Дортмунд уште од детството.
- Ќе се обидам да ја оправдам довербата на клубот во мене играјќи ја мојата игра и едвај чекам да играм заедно со моите нови соиграчи пред навивачите на БВБ на Сигнал Идуна Парк и да работам напорно со сите овде за да ги постигнеме нашите амбициозни цели, - порача Грос кој потпиша договор до 2026 година.