Соединетите Американски Држави ја забележаа и втората победа на Олимписките Игри и тоа во соочувањето со Јужен Судан кој беше решен со 103:86.
Американците уште во првата четвртина се стекнаа со двоцифрена предност, поставија темпо и потоа го диктираа резултатот до самиот крај.
Одново меѓу најефикасните кај САД беше Дурент кој овојпат застана на 14 поени, 2 скока, 3 асистенции и 3 украдени топки.
- Мислам, се е за групата. Мислам дека имавме одлични издигнувања периоди. Првата петорка започна. Станавме со 6-0, 8-0 [на почетокот]. Го поставивме тонот. Мислам дека играме добро еден со друг.
- Луѓето можеби очекуваат големи, високи победи од 30-40 поени, но ние сепак ги добивме последните два натпревари во просек со колку? 20 поени? И тоа против добри таленти, - истакна Дурент.
Токму Кеј-Ди пред неколку месеци порача дека посакува победи од 40-50 разлика за да се потврди доминацијата, ама засега нема такви изданија.