Огнот синоќа бил на 20 метри оддалеченост од куќите, а евакуирани биле туристи кои во тој момент го посетувале селота околу Подгора. Огнените јазици биле со висина од 30 метри, а локалните жители биле приморани да останат во своите станбени места и да ги бранат со полевање на вода од црева.
Во моментов огнот во ова подрачје е ставен под контрола според зборовите на главниот заповедник на пожарникарите, Славко Туцаковиќ, кој изјави дека денес состојбата е помирна. „Пожарникарите го смирија пожарот. Во Подгора нема активен оган, но чадот го прекрива ова подрачје“, рече Туцаковиќ.
Градоначалничката на Подгора, Петра Радиќ во изјава за Н1 кажа дека го предупредиле населението да ги затворат прозорците од своите домови и да ги вклучат климите. „Количествата чад се огромни, ги предупредивме луѓето да користат маски. Очекуваме чадот да се повлече, воздушната поддршка во 11 часот ќе започне со наводнување на природниот парк Биоково. Повеќето луѓе се вратија во своите домови а струјата дојде синока околу 2 часот“, додаде градоначалничката.
Меѓутоа се’ уште не се изгаснати пожарите во Сплитско – далматинскиот округ, во местото Тучепи и Врсина кај Трогир. На ова подрачје досега изгоре повеќе од 400 хектари шума.