Ова никако немојте да го порачувате во кафуле: Во себе има повеќе бактерии отколку водата од WC школка

Точка

31/07/2024

18:04

10.337

Големина на фонт

а а а

Спроведеното истражување за квалитетот на мразот покажало дека дури 77,2% од примероците биле позитивни на присуство на колиформни бактерии, чие потекло е фекално.

Станува збор за микроскопски мали честички кои влегле во мразот поради валкани раце. Затоа, најголемата заблуда кај луѓето е дека бактериите не можат да се задржат на ледот.

Мразот во кафулињата и рестораните за брза храна е најголемата почва за бактерии и во просек ги има повеќе отколку во тоалетната школка, што е последица на реткото чистење на машината за мраз.


Секако, ниту еден од примероците не претставува закана за здравјето. Уште едно истражување покажало дека најмногу бактерии се кријат во чаша вода или газиран сок со парче лимон.

Истражувачите тестирале 76 парчиња лимон од 21 ресторан и откриле дека 70%, или 53 парчиња, биле контаминирани со бактерии.

Иако ова не е најсеопфатното истражување на оваа тема, и самите можете да забележите дека парчето лимон кое го добивате во чашата е веќе претходно исечено и дека овие парчиња се чуваат во пластични садови на собна температура, што воедно е идеалната средина за бактерии.


Истражувањето не го открило јасно изворот на овие бактерии, но открило дека истите не можат да преживеат и да се размножуваат во алкохолните пијалаци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг