Се соблече гола за престижен магазин, па ти откри тајните на Олимпиското село! Забави, алкохол и интимни односи

Точка

26/07/2024

20:00

10.829

Големина на фонт

а а а

Поранешната германска атлетичарка Сузан Тидке, која се прослави со соблекувањето гола за престижниот магазин Плејбој, ги откри сите тајни на Олимпиското село.

Таа беше учесничка на Олимписките игри и од прва рака кажа дека интимните односи меѓу спортистите се многу чести.

- Тоа е неизбежно, без разлика на се. Спортистите се на врвот на својата физичка подготвеност на Олимпијадата. Кога ќе завршат трките, секој сака да ја ослободи својата енергија. Моите тренери ми рекоа дека односот пред трката не е добра идеја бидејќи после тоа телото треба да ги наполни батериите - ја започна приказната Тидке за Билд, а потоа продолжи во здив:


- Сепак, по натпреварот, цимерите се усогласуваат кога некој сака соба за себе. Секогаш слушате други луѓе како се забавуваат, понекогаш е тешко да заспиете. Забавите се редат една по друга, па се меша алкохол. Доволно често се случува луѓето да сакаат да имаат интимни односи и тоа го прават.

Поради ова, организаторите на Игрите на спортистите им делат бесплатни кондоми, а во Париз ќе поделат вкупно 500.000 од нив.



Спонзорирани линкови

Маркетинг