Трапановски и Бабунски главни модели во промоцијата на гостинскиот дрес на Данди Јунајтед

Дерби

26/07/2024

13:28

1.771

Големина на фонт

а а а

Данди Јунајтед се врати во шкотската Премиер лига и влегува во новата сезона со поголеми амбиции, а летово ги ангажираше и македонските репрезентативци Кристијан Трапановски и Давид Бабунски.

Македонците веќе потврдија дека ќе бидат сериозни засилувања за Данди Јунајтед со првите настапи во Лига купот, постигнувајќи ги и головите со кои издоминираа во важните победи изминатиов период.

Трапановски и Бабунски во меѓувреме се појавија и како главни модели во претставувањето на гостинскиот дрес на својот клуб за сезоната 2024/25, а фановите се надеваат дека ќе им донесат многу позитивни моменти во текот на долгата сезона.

По четири настапи за Данди Јунајтед, Трапановски има три гола и две асистенции, додека Бабунски постигна два гола на три одиграни натпревари во шкотскиот Лига куп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг