Кер со порака до ѕвездите на „дрим тимот“: Време е да се разбудат

Дерби

26/07/2024

11:52

5.656

Големина на фонт

а а а

Американската кошаркарска репрезентација важи за прв фаворит на олимпискиот турнир во Париз, но тоа не значи дека ривалите лесно ќе се предадат и нема да се обидат да го изненадат тимот составен од НБА ѕвезди.

Србија, Јужен Судан и Германија му создадоа многу проблеми на американскиот тим во рамките на подготовките, па селекторот Стив Кер испрати важна порака до играчите во пресрет на првиот настап во Франција.

– Денеска го имавме најинтензивниот тренинг, а тоа е потсетување дека дојде времето, дека сме тука и треба да се разбудиме.

– Мора да одиграме 40 интензивни минути во кои ќе бидеме максимално фокусирани и не смееме да дозволиме другите да бидат поенергични и попожртвувани како што беше на дуелите со Германија и Јужен Судан.

– Можеме да играме две нивоа подобро, но за тоа е потребна соработка меѓу сите во тимот. Ќе одиграме буквално шест натпревари, а не смееме да дозволиме само да трчаме без план во нападите како на досегашните средби, – рекол Кер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг