Слот за трансфер плановите за Ливерпул: Ќе биде изненадување…

Дерби

26/07/2024

11:47

1.638

Големина на фонт

а а а

Арне Слот веќе почна да ја извршува функцијата прв тренер на англискиот великан Ливерпул со тоа што засега интересно не видовме ниту еден негов потег кога е во прашање засилување, освежување на екипата.

„Црвените“ се многу мирни, неактивни на трансфер пазарот, а веќе сме на крајот на месец јули, но за Холанѓанецот тоа не е проблем или поточно најави промена на оваа ситуација во наредните недели.

- Ако има некоја вест за тоа, ќе дојде до вас. Но, ние веќе имаме многу добар тим, каде што веќе сум навистина среќен. За сите нас би било изненадување доколку не внесеме ниту еден играч, па веројатно тоа ќе се случи на крајот. Засега само чекаме играчите да се вратат и ги чекаме вистинските да потпишат, - порача Слот за кого ова е најголемиот предизвик во досегашната тренерска кариера.

Пред клубот од „Енфилд Роуд“ се пријателски средби со Бетис, Арсенал, Манчестер Јунајтед и Севилја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг