Бремер е на радарот на Ливерпул

Макфакс

26/07/2024

11:41

1.477

Големина на фонт

а а а

Ливерпул во новата сезона влегува со многу промени. Клоп си замина на неговото место дојде Арне Слот, значајни промени претрпе спортскиот сектор, па логично е што новиот тренер сака малку да го озвежи ростерот.

Ливерпул до крајот на преодниот рок ќе се обде да го донесе дефанзивецот на Јувентус, бремер.

Стоперот на Јувентус зад себе има одлична сезона, со што го провлече вниманието на клубовите од Премиер лигата. Ливерпул бара замена за капитенот Вирџил Ван Дајк, кој ќе остане во тимот. Слот очигледно смета дека Бремер би можел да формира добро партнерство со Холанѓанецот.

Отштетата што Ливерпул би требало да ја плати за Бремер би била околу 60 милиони евра.

Бразилецот дојде во Јувентус во 2022 година, а пред тоа играше за Торино и Атлетико Минеиро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг