Германски дипломат: Ако ОН го послушаше американскиот генерал, војната во Босна ќе завршеше во 1993

Точка

24/07/2024

20:29

6.866

Големина на фонт

а а а

НАТО уште од 1993-та година интервенирал во војната во БиХ и така спасил илјадници луѓе. Во 1994-та година дури спречил и еден геноцид, но мирот таму повторно е загрозен, пишува германскиот весник „Tageszeitung“.

Оваа година навршуваат 25 години од политичкиот крај на Слободан Милошевиќ и бомбардирањето на Србија од НАТО, пишува Александар Ротерт во авторска статија објавена во весникот „Tageszeitung“ од Берлин.

„Милошевиќ од 1989-та година се обидуваше голем дел од Југославија да тави под контрола на Белград, за да го обедини сите територии населени од Срби. За да го постигне тоа, тој со ЈНА и паравоените групи водеше четири војни: кратко во Словенија, од 1991-ва во Хрватска, од 1992-ра во БиХ и од 1998-ма на Косово“, пишува германскиот политиколог, пренесува „DW“.

Потоа се повикува на зборовите на премиерот на Косово Албин Курти – „Сочувајте го НАТО! Ја спаси мојата татковина“ од статија објавена во саботното издание на „New York Times“ и констатира: Помалку е познато дека НАТО уште од 1993-та година интервенираше во војната во Босна и така спаси илјадници животи, како и дека во 1994-та дури и спречи еден геноцид.

Ротерт притоа објаснува дека интервенциите на НАТО во БиХ и Косово биле фундаментално различни: Додека Он барал од НАТО интервенција во БиХ само како последно средство, на Косово НАТО во целост бил вклучен во операциите и можел слободно да делува.


Ротерт: САД и НАТО спречија геноцид во Горажде

Германскиот експерт укажува дека во март 1993-та година започнал ангажманот на НАТО за забрана на летање над БиХ, а дека во февруари во 1994-та година дошло до првата борбена акција. Тогаш авиони „F-16“ собориле четири српски борбени авиони.

Потоа констатира: „Спроведувањето на забрана за летови не беше доволно признаено, иако српската авијација можела да нанесе многу поголемо уништување од воздух отколку српската артилерија од земја. Тоа спаси голем број на животи на цивли и владини трупи“.

Ротерт потоа пишува на опсадата на Горажде во април 1994-та година, кога трупите на генералот Ратко Младиќ веќе биле на пат да ја освојат оваа заштитена зона на ОН, во која имало преку 60.000 луѓе.

„Воздушните удари и огромниот политичко-дипломатски притисок на САД и НАТО спречија геноцид, кој српските сили за жал го извршија 15 месеци подоцна во Сребреница“, пишува Ротерт за германскиот весник „Tageszeitung“.


„Поголем ангажман на НАТО во БиХ ќе спасеше бројни животи“

Во статијата за „TAZ“, германскиот експерт вели дека „пообемен ангажман на НАТО можел да спаси неброени животи“ и го цитира американскиот генерал на воздухопловството МекПик, кој уште на 1-ви мај 1993-та година изјавил: „Дајте ни време и ќе прелетаме над секаква артилериска позиција и ќе ја уништиме“.

„Ако ОН го послушаше МекПик, војната во Босна ќе завршеше во 1993-та година, а геноцидот ќе беше спречен“, уверен е Александер Ротерт.

Како најголеми противници на воздушните напади германскиот политиколог ги именува тогашниот главен секретар на ОН, Јапонецот Јасуши Акаши и францускиот генерал Бернард Жанвие, односно нивните воени и политички претставници. Тие одобриле напади на српските позиции околу Сребреница како алиби откако трупите на Младиќ веќе го заземале градот.

„Тогаш дојде до напад со два авиони „F-16“, откако десетици борбени авиони на НАТО залудно чекаа наредба во воздух“. Во статијата за „TAZ“ во врска со тоа се цитира и лидерот на „F-16“ операциите, Холанѓанецот Јоуке Еикелбоом, кој горко прокоментирал: „Тоа беше како да мора се бориме со едната рака врзан зад грб“.

Ротерт потоа констатира дека геноцидот во Сребреница променил се и дека САД почнал да врши огромен притисок на ОН да одобри воздушни напади.

Кога кон крајот на август 1995-та година српските единици три гранати на пазарот Маркале во Сараево, убивајќи 38 и ранувајќи преку 150 луѓе, чукнал часот за НАТО. По две недели воздушни напади, трупите на Младиќ ја прекинале најдолгата опсада на еден град, пишува Ротерт и заклучува: „НАТО може да биде горд што стави крај на првите две војни во Европа после 1945-та година, спаси голем број на животи во Босна и спречи геноцид на Косово“.


Рускиот амбасадор два пати и се заканил на БиХ со „украинско сценарио“

Германскиот експерт потоа се враќа во сегашноста и наведува дека претседателот на Република Српска Милорад Додик, 30 години подоцна, заобиколувајќи ги легитимните и мултиетничките вооружени сили на таа земја, изградил значајни паравоени сили и ги опремил со оружје за војна, како и дека со дел од тие сили секоја година парадира на неуставен марш по повод Денот на РС, заедно со руски дипломати, осудени воени злосторници и владини претставници од Белград.

„Иако високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмидт минатата година најави дека нема да дозволи илегална парада, не направи ништо за да ја спречи. Малку недостасува до независност на РС и нејзино присоединување кон Србија. Со тоа Додик и претседателот на Србија Александар Вучиќ би го завршиле проектот Голема Србија, кој во 1991-ва година го започна Милошевиќ“, пишува Александер Ротерт за „Tageszeitung“ и ја завршува статијата со зборовите:

„Рускиот амбасадор два пати и се закануваше на Босна со украинско сценарио“. Бидејќи Шмидт, како што изгледа, не сака многу да се замерува со претставници на идната Голема Србија, постои само една опција за спас на Дејтонскиот договор и Босна: значајно засилување на мисијата Еурофор. ЕУ би требало да делува превентивно – додека сè уште има време.

Александер Ротерт како политиколог и дипломат од 1991-ва година се занимава со ситуацијата во поранешна Југославија. Работел за ОН, НАТО, ОЕСС, ОХР и ЕУ, во главно на спроведување на мир во БиХ и на Западен Балкан. Како потполковник бил и советник на Будесверот за мисии во странство.




Спонзорирани линкови

Маркетинг