Гвардиола призна дека Сити може да остане без значаен играч: Сакам да остане, но…

Дерби

24/07/2024

11:55

1.196

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити ги започна подготовките за новата сезона во која тимот секако ќе претрпи одредени измени со тоа што Пеп Гвардиола може да остане без еден значаен играч, ас кој беше најклучните за успесите во изминативе неколку години.

Се работи за 30-годишниот голман Едерсон Сантана Де Мораеш кој има договор до 2026 година, меѓутоа за него има сериозен интерес од Саудиска Арабија, понуда која е привлечна за Бразилецот и дефинитивно постои можност да го напушти „Итихад“ во актуелниот преоден рок.

- Би сакал да остане, но тоа зависи од другите клубови. Не ја знам ситуацијата. Немаше контакти во последните денови. Прашање е на тренинзи, да биде со нас додека не заврши преодниот рок и ќе видиме, - истакна Гвардиола.

Едерсон од 2017 година е дел од Сити со кого ги освои сите можни титули.



Спонзорирани линкови

Маркетинг