[ФОТО] Деми Мур позираше во костим за капење, а фановите велат: Мило ни е што го покажуваш вистинскиот изглед

Точка

22/07/2024

17:28

4.467

Големина на фонт

а а а

Деми Мур (61) била на забавата за 33-от роденден на нејзината ќерка Скаут Вилис.

На една од фотографиите се гледа и Деми Мур во бел костим за капење. Изгледот на актерката веднаш бил пофален од страна на фановите.


„Како може некој да има баба како Деми Мур? Јас би умрела“, „Ти си убава, но отсекогаш сум ја обожавала мајка ти“, „Имам многу почит за тебе, Деми. Сите зборуваат за пластични операции, а ти овде покажуваш како навистина изгледаш“, се дел од коментарите.

Претходно беше критикувана поради нејзините разголени изданија

Деми неодамна се најде на удар на критики поради тоа што објави фотографија на која е со деколте до папокот. „Баба се обидува да изгледа како девојче, со помош на пластична хирургија“, „Изгледаш старо“, „Овој изглед не ти одговара на годините. Треба да ја скратиш косата, да ги покриеш градите...“, беа некои од коментарите.

Деми јавно ѝ го честиташе роденденот на својата ќерка. „На мојот сладок ангел... Најсреќен роденден! Почестена сум што сум твоја мајка и благодарна што го споделувам ова животно патување со тебе! Најдоброто допрва доаѓа и многу сум возбудена што ја гледам магијата што те следи. Те сакам“, напиша Деми.

Мур ги има Скаут, Талула и Румер во бракот со нејзиниот поранешен сопруг Брус Вилис.