[ФОТО] Синот на Трамп го исмева Зеленски

Точка

22/07/2024

21:02

5.853

Големина на фонт

а а а

Зеленски кога и да дојде во оваа земја си заминува со 60 милијарди долари. Тој е најдобриот трговец досега – изјави Доналд Трамп минатата недела.

Синот на Доналд Трамп, Доналд Трамп Помладиот, објави фотомонтажа од позадината на мобилниот телефон на Џо Бајден. На сликата се 52 пропуштени повици и панични пораки од Зеленски.

Враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа може да биде лоша вест за Киев. САД се најголемиот снабдувач на Украина со оружје и помош, а тоа може да се промени доколку Трамп повторно стане претседател.

- Зеленски секогаш кога ќе дојде во оваа земја си заминува со 60 милијарди долари. Тој е најдобриот трговец досега – изјави Доналд Трамп минатата недела.

Наводниот план на Доналд Трамп за мир во Украина протече во јавноста. Двајца клучни советници на Трамп го претставија планот за ставање крај на војната доколку тој победи на изборите во ноември. Планот предвидува можна суспензија на испораката на оружје за Украина доколку таа не се согласи на преговори со Русија за прекин на конфликтот.


Володимир Зеленски на X објави дека разговарал со Доналд Трамп во петокот и му честитал за неговата претседателска номинација и го осудил обидот за атентат.

- Му посакав сила и апсолутна сигурност во иднина – рече Зеленски.