Витаминот б1 или тиамин е многу важно биолошко соединение од кое зависи функционалноста на многу органи. Првично, може да го стимулира мозокот. Благодарение на витаминот Б1, когнитивните процеси се подобруваат и луѓето кои го консумираат во соодветни количини, многу полесно памтат.
Витаминот Б1, исто така има корисен ефект и врз кардиоваскуларниот систем - може да го регулира крвниот притисок, намалувајќи го до соодветно ниво. Покрај тоа, тиаминот е потребен за раст на мускулното и коскеното ткиво.
„Тешко е да се преценат придобивките од витаминот Б1 за организмот“, смета докторката Марија Алексеева.
Таа истакнува дека витаминот Б1 не мора да се зема како додаток во исхраната доколку консумираме доволно пивски квасец, лосос, грашок, ленено семе, ориз и свинско месо. Таа тврди дека тоа се намирниците со најголем процент на витаминот Б1, а нивното консумирање ќе го обезбеди овој витамин во доволни количини за здраво функционирање на организмот.
Симптоми на недостаток на витамин Б обично се слабост на мускулите, општ замор, губење на апетит, дигестивни проблеми и разни проблеми со кожата. Недостатокот на витамин Б може да предизвика и несоница, раздразливост, гадење, повраќање, постојани главоболки и честопати депресија.