Бензема за тоа кој треба ја освои Златната топка: Беше над останатите, тој е комплетен фудбалер

Дерби

22/07/2024

12:45

2.543

Големина на фонт

а а а

Поранешниот француски репрезентативец, Карим Бензема го издвои фаворитот за Златната топка, најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот.

Се очекува да биде доста интересно, возбудливо затоа што е прашање, тема која е отворено затоа што нема некој играч што премногу се издвојува, но има фудбалери кои ја заслужуваат по одлините сезони кои ги имаа.

Според Карим кој знае како е да да се добие ова признание, Винисус Жуниор од Реал Мадрид е пред сите.

- Ќе кажам Винисиус затоа што го заслужи тоа за минатата сезона, но не само поради тоа, туку и поради она што го направи претходната сезона. Беше над останатите, тој е комплетен фудбалер.

- Може сам да го добие противникот. Секако со помош на соиграчите, но тој е многу добар кога му треба на Реал и затоа ја заслужува Златната топка. Секогаш се појавува кога е потребно, Вини ми е омилен поради сето тоа, - порача Карим.

Во игра се и Џуд Белингам, Родри, а во оваа комбинација сигурно вреди да се стави и дефанзиевцот Дани Карвахал кој ги освои сите најважни клупски пехари со Реал, плус стана европски првак со Шпанија.